Поврзете се со нас

НБА

Џонсон го постеризираше Ембид, фаворитот за МВП титула се правеше луд: Не се сеќавам на тоа… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrooklynNets

Филаделфија успеа да поведе со 2:0 против Бруклин и само покажа дека е многу подобар тим во овој момент, но покрај добрите работи на теренот кои ги видовме од страна на домаќиноте, посебно вреден за истакнување е потегот на Камерон Џонсон.

Кошаркаркот на Бруклин се погрижи за најдобриот потег на мечот кој заврши 96:84, бидејќи успеа да забие преку еден од најдобрите дефанзивци во НБА лигата.

Џоел Ембид беше брутално постеризиран од страна на Џонсон и забивањето на Камерон беше навистина атрактивно, па тоа направи ѕвездата на Филаделфија да се прави луда по крајот на натпреварот.

Во разговорот со новинарите, Ембид одбил да му даде пофалба на противникот, порачувајќи дека не се сеќава дека некој забил преку него.

– Не се сеќавам дека некој забил преку мене….. Јас играм на нивото на кое сакам да бидам и ништо друго не ми е важно, – изјавил Ембид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни