Поврзете се со нас

Англија

Џерард: Клоп мора да утврди зошто Ливерпул прими пет гола

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Поразот на Ливерпул од Реал Мадрид со дури пет примени погодоци донесе многу коментари и анализи, а поранешните фудбалери на „црвените“ очекувано бараат сериозна анализа и промена на пристапот.

Стивен Џерард како клупска икона на Ливерпул има сериозно влијание со своите коментари, а по поразот од Реал вели дека премиерлигашот мора да направи сериозна анализа.

– Ливерпул започна перфектно и го направи она што е најдобро. Рано стигна до предност, подоцна ја зголеми, но Реал се врати со еден убав гол и оттука започна падот на домаќините.

– Важно е да се каже дека Ливерпул беше надигран во најголем дел од мечот, а секоја екипа која ќе прими пет гола мора да направи истрага или анализа зошто се случило такво нешто.

– Сигурен сум дека Клоп ќе го направи тоа наредниве денови, Ливерпул не прима толку голови на домашен терен без причина. Ливерпул беше надигран, понекогаш мора да се признае дека подобриот тим победил. Реал имаше страшна реакција по негативата, тоа ја покажува класата. Бензема и Модриќ се на поинакво ниво од другите фудбалери, – изјавил Џерард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни