Поврзете се со нас

Франција

Дугари со жестоки критики за Верати: Никогаш не стана и нема да стане топ фудбалер

Објавено

на

Кристоф Дугари во свој стил ги коментира случувањата на француската фудбалска сцена, а во своето последно гостување во „РМЦ Спорт“ конкретно зборувал за Марко Верати.

Италијанецот е пред заминување од ПСЖ каде мина долги 11 години, но според поранешниот француски напаѓач, ќе замине од Париз без исполнет потенцијал и разочарувачки ефект.

– Верати е готов играч, има 31 година, беше тука единаесет години и не успеа да сфати што значи вистинска кариера на еден професионален фудбалер.

– Тоа е негов избор, јас го направив истиот избор во мое време. Бев добар, но не и доволно сериозен фудбалер. Верати е одличен фудбалер, можеше да направи работи на теренот за кој многумина можеа да завидуваат, но никогаш не стана врвен спортист.

– Ги залажуваше тренерите и менаџментот продолжувајќи го договорот на секои две години, а тие беа заслепени од неговиот талент. Дојде во Париз и неговото его порасна, а одговорните во клубот се виновни што не успеаја да изменаџираат да стане голем фудбалер каков што заслужуваше да биде. Сега е доцна, тој има 31 година и никогаш нема да разбере, – изјавил Дугари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни