Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ броеше до 50 и со тројка во финишот го откажа Хјустон (Видео)

Објавено

на

Лука Дончиќ одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата, уфрлувајќи 50 поени во тексашкото дерби против Хјустон.

Далас славеше со 112:106 против големиот ривал, а Дончиќ покрај 50 поени стигнал и до 10 скокови и 8 асистенции. Маверикс доминираа во првиот дел, Хјустон направи пресврт, за Далас повторно да води во завршницата, во која Дончиќ го потврди победникот со тројка постигната на 19 секунди до крајот.

Смит со 24 и Грин со 23 поени биле најефикасни во редовите на Хјустон.

Бруклин го доби дербито со Милвоки со 118:110, а предводник на домаќините бил Дурент со 24 поени. Најефикасниот на теренот, Јанис Адетокумбо реализирал 26 поени кои се покажаа како недоволни за Бакс.

Орландо – Сан Антонио 133:113
Филаделфија – Л.A Клиперс 119:114
Атланта- Детроит 130:105
Бостон – Минесота 121:109
Бруклин – Милвоки 118:100
Кливленд – Торонто 107:118
Њујорк – Чикаго 117:118
Хјустон – Далас 106:112
Мајами – Индијана 108:111
Оклахома Сити – Њу Орлеанс 125:128
Денвер – Портланд 120:107
Финикс – Мемфис 100:125
Сакраменто – Вашингтон 111:125
Л.A Лејкерс – Шарлот 130:134

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни