Поврзете се со нас

Свет

Димитриоски меѓу најефикасните во победата над Бенидорм

Објавено

на

Foto:www.atleticovalladolid.es/

Екипата на Валјадолид на македонските ракометари Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски направи мало изненадување и славеше над Бенидорм со 29:28 во првата лига на Шпанија.

Ова беше неизвесен, борбен натпревар во кој решаваа нијанси или поточно гостите подобро се снајдоа во клучните моменти и го прославија 11. сезонски триумф во АСОБАЛ лигата.

Димитриоски беше меѓу најефикасните кај победникот, односно заедно со Лима дадоа по четири гола и беа втори стрелци зад Мартинез со осум реализации.

Во наредното коло Валјадолид ќе го дочека составот на Нава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни