Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ и Уникс врзаа втора победа во ВТБ лигата

Објавено

на

Еден ден откако беше избран да биде дел од „Ол-стар“ натпреварот во ВТБ лигата, Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи запишаа нова победа во ова натпреварување, славејќи на гостувањето во Москва кај тимот на МБА со 62:85.

Уникс Казањ доста бавно ја отвори 2024-та година и претрпе два шокантни порази, но сега полека се враќа во ритам и денеска ја запиша втората победа во серија.

МБА Москва парираше само една четвртина и тоа му овозможи на тренерот на Уникс да ротира во продолжение, па така нашиот репрезентативец одигра доста помалку од очекуваното.

Димитријевиќ мина 18 минути на паркетот и имаше скромен учинок за свои стандарди, завршувајќи го мечот со 7 поени, 3 асистенции и 2 скокови.

Уникс е на втората позиција во ВТБ лигата со биланс од 18 победи и 6 порази, а подобар учинок има само ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни