Поврзете се со нас

Италија

Дибала и Гендузи се зајадоа на „Олимпико“, Аргентинецот му ја покажа освоената светска титула (Видео)

Објавено

на

Рома го доби големото дерби против Лацио и славеше со минимални 1:0, но праксата уште еднаш ни покажа дека една пресметка меѓу лутите ривал не може да мине без тензија и провокации.

Лацио се обиде со сите сили да дојде до израмнувачки гол во вториот дел и на крајот не успеа да го неутрализира голот на Манчини, па гостите мораа да се помират со пораз кој најтешко ќе го прифати Гендузи.

Францускиот репрезентативец влезе во клинч со Пауло Дибала и го фати Аргентинецот за врат како одговор на провокациите, но ѕвездата на Рома не остана покус и возврати на дрзок начин.

Дибала се обидуваше да избегне жолт картон од главниот судија, но додека го правеше тоа, испорача и „низок удар“ до Гендузи, покажувајќи му ја освоената светска титула која ја има насликано на своите штитници.

Ривалството меѓу Франција и Аргентина од последното финале се пренесе и на римското дерби, а оваа сцена донесе многу позитивни и негативни коментари на сметка на Дибала.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни