Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ди Канио за спорниот момент на „Емирејтс“: Сака се однесуваше како дете (ВИДЕО)

Објавено

на

Арсенал не го искористи домашниот терен и одигра без победник 2-2 во пресметката со Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Топчиите“ имаа повеќе од играта, упатија повеќе удари, повеќе ја имаа топката во свои нозе, ама сето тоа беше залудно и сега ги очекува пеколен реванш во Минхен каде ќе мора да остварат победа, па макар и на пенали за да се пласираат во наредната фаза.

Средбата на „Емирејтс“ донесе и неколку спорни моменти меѓу кои еден беше на самиот крај, судиското продолжение каде Букајо Сака бараше пенал по дуелот со голманот Мануел Нојер. Поголемиот дел од мислењата се дека Сака го иницирал контактот и затоа нема пенал, а офанзивецот за својата постапка и однесување доби критики од Паоло Ди Канио.

-Тој ја движи топката кон Нојер, тоа никогаш не е пенал. Тој не се однесуваше како искусен играч. Тој се однесуваше како бебе без искуство, -порачал Ди Канио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни