Поврзете се со нас

Германија

Дефанзивецот на Борусија заработи хорор повреда на коленото, Халанд не можеше да ја гледа ужасната глетка (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд го проследи Куп натпреварот против Кил од трибините и можеше да ужива во петте гола кои ги постигнаа неговите соиграчи, но иако на крајот се радуваше на пласманот во финалето, беше сведок и на една хорор повреда на еден млад фудбалер.

Талентираниот Матеу Мори доби шанса во второто полувреме во триумфот од 5:0, но само десет минути по влегувањето, самиот си нанесе ужасна повреда поради која сега ќе паузира со месеци.

Младиот дефанзивец си нанесе огромна штета на коленото кое беше во навистина неприродна позиција по лошото пролизгување, а глетката беше до толку лоша, што Халанд се фаќаше за глава и не можеше да гледа што се случи на теренот.

Реакцијата на норвешкиот вундеркинд е најдобра отслика за тоа каков кошмар доживеа 21-годишниот Шпанец, на кого денеска му беше утврдена тешка повреда на коленото, со оштетување на лигаментите и скршеница на коската.

Мори веднаш добил препорака за побрза операција, па претпоставките се дека нема повторно да се врати на терените во 2021-ва година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни