Поврзете се со нас

Италија

Де Роси се израдува на голема победа во првото римско дерби како тренер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Рома и Лацио денеска го одиграа 183-то по ред големо римско дерби на „Олимпико“, а како што можеше да се очекува, не изостанаа возбудувањата, тензиите и кошкањата во текот на сите 90 минути.

Даниеле Де Роси првпат водеше еден тим на големо римско дерби како тренер, па така легендарниот капитен на „волчицата“ успеа да се израдува на голема победа која беше тешко извојувана со еден постигнат гол.

Погодокот на Манчини од првиот дел ја направи главната разлика и донесе важна победа за Рома, која останува во трката за четвртото место на табелата и билет во Лигата на шампионите.

Лацио се коригираше во вториот дел и момците на Тудор вложија напор за да постигнат гол, па иако ја затресоа мрежата, сепак погодокот беше поништен поради офсајд.

Ел Шарави ја погоди стативата во обидот по кој Рома беше најблиску до втор гол, но сепак оној од првиот дел се покажа како доволен за минимален триумф и големо славје за тимот кој денеска беше домаќин на хартија.

Голот на Манчини погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни