Поврзете се со нас

Англија

Цорк ги стави на готовс заинтересираните клубови: Имаме џентлменски договор со Санчо

Објавено

на

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк широко ги отвори вратите за евентуалното заминување на Џејдон Санчо од редовите на клубот.

Брзоногиот фудбалер веќе долго време се поврзува со враќање на Островот, а досега најсериозен претендент за неговиот потпис беше Манчестер Јунајтед, а ова лето за него ќе притиска и тимот на Ливерпул.

Цорк во интервју за германските медиуми широко ги отвори вратите за заминување на Санчо од клубот посочувајќи дека со играчот имаат џентлменски договор да го пуштат да си оди доколку до нив пристигне примамлива понуда.

– Минатата година имавме џентлменски договор со Џејдон кој вели дека тој може да направи промена под одредени услови. Тој е со нас неколку години и заслужува таков договор кој пак не постои со Ерлинг, -изјави Цорк и одговори зошто не успеа трансферот на Санчо во Манчестер Јунајтед минатата година.

– На крајот нашите барања не беа постигнати, -заклучи Цорк за „АРД“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни