Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави за провокативната изјава на Лучо: Сите го познаваме Луис Енрике……..

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Луис Енрике излезе со провокативна изјава и заклучи дека тој остварил подобри резултати од Чави како тренер на Барселона, па на тој начин неочекувано го подгреа дербито кое утре се игра на „Паркот на принцовите“.

Лучо му беше тренер на Чави во сезоната во која Барселона за последен пат ја освои титулата во Лигата на шампиони, а утре двајцата ќе бидат големи ривали од клупата, со тоа што актуелниот тренер на Барса реши да ја намали тензијата.

Луис Енрике: Јас подобро го претставувам стилот на Барса од Чави!

– Ја видов прес-конференцијата на Луис Енрике, многу го почитувам и сите го познаваме….. Сака да додава жар и немам ништо против тоа. Реалноста е дека тој има тим кој е создаден за титулата во Лигата на шампионите. Што се однесува до филозофијата, Луис Енрике има ДНК на Барса и тоа е вистина, но истото важи и за мене, Гвардиола и Артета.

– Сите имаме ДНК на Барселона и не треба да се споредуваме. Утре двајцата ќе го бараме најдоброто за својот тим, треба да бидеме горди што и двајцата имаме ДНК на Барса.

– Утре не играме јас и Луис Енрике, играат фудбалерите. Играчите секогаш биле главни актери и така ќе биде и утре. Ќе гледаме натпревар меѓу Барселона и ПСЖ и имам многу добар однос со Лучо. Не барајте полемика онаму кадешто ја нема, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни