Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чачиќ: Има една добра работа од мечот против Шкупи

Објавено

на

Анте Чачиќ се најде на сериозен удар од хрватските медиуми и се пишува дека тој е зрел да уништи се што Динамо долго и макотрпно градеше со години, откако фудбалскиот великан од Загреб вчера одигра 2:2 против македонскиот првак во втората рунда квалификации во Лигата на шампионите.

Динамо влезе како апсолутен фаворит во пресметката со Шкупи, но на крајот мораше да се задоволи само со реми и сега ќе има далеку потешка задача од тоа што се очекуваше.

Тренерот Чачиќ добива жестоки критики од јавноста во Хрватска и се посочува како главен виновник за лошата игра во одбраната, но сепак тој и натаму останува мирен и верува дека неговиот тим ќе го направи тоа што е потребно во Скопје.

– Задоволен сум од второто полувреме кога ги притиснавме. Сепак, ова е фудабл и примивме два евтини гола. Македонскиот првак покажа дека е цврст тим, цврсти се во дуели, брзи и незгодни преку крила. Имаа доста незгодни играчи и на бековските позиции.

– Има само едно добро нешто, а тоа е фактот што веќе не важи правилото за голови на гости. Во текот на мечот покажавме дека сме поквалитетни и се надевам дека истото ќе се покаже и во Скопје, – изјави Чачиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни