Поврзете се со нас

Македонија

Бутел ангажираше лев бек од Металопластика

Објавено

на

foto: RK Butel Skopje

Составот на РК Бутел ги засили своите редови со поранешниот младински репрезентативец на Србија, Лука Иваниќ.

Иваниќ во скопскиот прволигаш доаѓа од Металопластика Шабац со кого минатата сезона го освои Купот на Србија, како и Супер Купот на нашиот северен сосед.

Се работи за лев бек кој е висок е 202 сантиметри и тежок 110 килограми што значи дека Бутел добива еден корпулентен играч кој може да одигра супер значајна улога во натпреварувачката 2023/2024.

Србинот е второ засилување за бутелчани по десното крило Дамјан Георгиев, а на тренерската позиција дојде Горан Кузманоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни