Поврзете се со нас

НБА

Бруклин му врачи отказ на тренерот кој даде легендарна изјава за својата сопруга (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BrooklynNets

Жак Вон го наследи Стив Неш на тренерската позиција во Бруклин на крајот на 2022-ра година, но по 15 месеци минати во тимот, денеска пристигна информација за негово отпуштање.

Бруклин одлучи да му врачи отказ и да го разреши од извршување на функцијата на главен тренер, сето тоа како последица на очајните резултати, како и катастрофалната партија пред Ол стар викендот.

Нетси беа понижени од Бостон и загубија со 50 поени разлика, па неколку дена подоцна пристигна информацијата за негово отпуштање.

Бруклин со кратко соопштение ја потврди веста на американските новинари и објави дека Вон е веќе минато, но медиумите веќе знаат и кој ќе биде привремен предводник на тимот, досегашниот помошник Кевин Оли.

Вон во својата етапа како тренер на Бруклин не се прослави со некои позначајни резултати, па сигурно најмногу ќе се памети по легендарната изјава која ја даде на денот на својата промоција.

Новиот тренер на Бруклин со легендарна изјава: Не бев прв избор и на мојата сопруга, па заедно сме 20 години

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни