Поврзете се со нас

НБА

Новиот тренер на Бруклин со легендарна изјава: Не бев прв избор и на мојата сопруга, па заедно сме 20 години

Објавено

на

Име Удока важеше за главен фаворит за преземање на тренерската функција во Бруклин по заминувањето на Стив Неш, но во изминатите неколку дена, дојде до пресврт и Нетси го претставија Жак Вон како нов лидер на тимот.

Човекот кој повремено добиваше шанса како привремен тренер на Бруклин конечно дочека шанса да биде перманентна опција, па иако не беше прв избор на водечките луѓе на Бруклин, тој со максимална сатисфакција го започнува новиот проект.

Бруклин веќе победи на првиот меч под водство на Вон, кој даде и легендарна изјава за фактот што никој не го споменуваше како опција за тренерската работа по заминувањето на Стив Неш.

– И реков и на мојата сопруга….. Знам дека не бев нејзин прв избор, но останавме заедно 20 години и се излезе како што треба.

– Верувам дека така ќе биде и со Бруклин, – гласи изјавата на новиот тренер на Бруклин која стана вирална во Америка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни