Поврзете се со нас

НБА

Бостон со фуриозно издание ги понижи „воините“, Дончиќ не успеа да го спаси Далас од пораз (ВИДЕО)

Објавено

на

Бостон Селтикс е најдобрата екипа во досегашниот тек на оваа сезона во НБА лигата, а тоа на своја кожа го почувствува Голден Стејт Вориорс кој во последно време игра добра кошарка и има одлични резултати.

Меѓутоа кога се игра во пеколот во „Ти-Ди Гарден“ се е поинаку и „воините“ претрпеа пораз кој долго ќе го паметат, пораз од 52 разлика (140-88). Домаќините беа фуриозни особено во првото полувреме кое го реализираа со 82:38 со што беше поставен нов рекорд на организацијата кога е во прашање предноста во оваа фаза на натпреварите.

Ова за „келтите“ е трета највисока победа во историјата, но и трет меч кој годинава го добиваат со 50+ поени што е уште едно рекордно достигнување.

Браун со 29 и Тејтум со 27 поени беа најефикасни, додека на другата страна очаен беше Кари со само 4 кошеви.

Лука Дончиќ пак реализираше трипл-дабл од 38 поени, 11 скока и 10 асистенции, но ова не беше доволно за да Далас Маверикс се спаси од пораз во пресметката со Филаделфија Севентисиксерс.

Гостите се изборија за славје од 120:116 во кое Херис испорача 28 поени, Макси додаде 24 кошеви.

НБА, резултати
Орландо – Детроит 113:91
Торонто – Шарлот 111:106
Кливленд – Њујорк 98:107
Сан Антонио – Индијана 117:105
Феникс – Оклахома 110:118
Минесота-Клиперс 88-89

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни