Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема стрелаше во последниот натпревар за Реал, „Бернабеу“ му се поклони на напаѓачот (ВИДЕО)

Објавено

на

Карим Бензема вечерва го одигра својот п0следен меч во дресот на Реал Мадрид, меч на кој со гол ја заокружи долгогодишната успешна приказна со шпанскиот великан.

Реал ремизираше со Атлетик Билбао (1-1), а голот со кој беше поставен конечниот резултат беше дело токму на Карим од пенал во 72 минута. Потоа Французинот беше повлечен од игра, па навививачите на „Сантијаго Бернабеу“ со аплаузи и овации го поздравија играчот кој им донесе многу радости во изминативе 15-тина години.

Истото важи и за Марко Асенсио кој го одигра последниот танц за Реал и беше испратен со голем аплауз од поддржувачите на најтрофејниот европски клуб.

Со овој резултат Билбао остана без Европа затоа што Осасуна славеше над Џирона со 2-1 и со 7 место обезбеди место во Конференциската лига.

Рајо Валјекано на Димитриевски беше декласиран од Мајорка со 3-0, Вилјареал и Атлетико Мадрид одиграа без победник 2-2, Сосиедад пак триумфираше над Севилја со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни