Поврзете се со нас

Италија

Бенитез со своја прогноза за италијанското дерби во ЛШ: Спалети остана тивок на тоа што му го кажав во Ливерпул

Објавено

на

По првата епизода од италијанското четвртфинале во Лигата на шампионите, вечерва на програмата е и втората и завршна претстава, по која ќе го дознаеме патникот во полуфиналето.

Милан победи на првиот меч на „Сан Сиро“ со минимални 1:0 и максимално профитираше од неверојатните одбрани на голманот Мењон, но Наполи сега ќе има адут плус во нападот, бидејќи во првиот тим се враќа Виктор Осимен.

Со него во стартната постава, Наполи е комплетно различен тим, па токму поради тоа Рафаел Бенитез типува дека неговиот поранешен тим ќе направи пресврт и ќе се пласира во следната фаза.

– Милан и Наполи ме импресионираа на првиот меч, покажаа извонреден фудбал во Лигата на шампионите. Сепак, јас верувам дека Наполи е подобар и посилен тим и дека вечерва ќе успее да направи пресврт. Со Виктор Осимен во нападот, тие ќе имаат многу поголема самодоверба.

– Верувам дека Наполи може да оди до крај. Кога играат против Ливерпул на гостински терен во групната фаза, му кажав на Спалети дека ќе ја освојат титулата во Италија, а тој остана тивок за да не му донесам лоша среќа. Дури и да испадне во Лигата на шампионите, тоа нема да промени ништо. Лучијано го води тимот на перфектен начин, – вели Рафа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни