Поврзете се со нас

АТП

Бекер: Зверев не може да биде број еден ако не освои грен слем титула

Објавено

на

Александер Зверев од година во година е се подобар и подобар, па така во оваа 2021 успеа да дојде до олимпиското злато во Токио за да пред неколку денови триумфира и на завршниот турнир во Торино.

Меѓутоа и покрај сите овие успеси тој се уште се нема израдувано на најголемата сцена, на четирте грен слемови кои според легендарниот Борис Бекер мора да бидат негова следна цел.

-Зверев не може да биде број еден доколку не освои грен слем слем трофеј. Следна голема цел за Саша е да биде број еден. Тоа може да го направи следната година, навистина мислам така, но тоа ќе биде можно само ако земе една или две слем титули. Видовме дека оваа година број еден беше Ѓоковиќ кој освои три грен Слема. Втор беше Медведев затоа што има грен слем титула, а јасно број три беше Саша.

-Финалето на АТП е еден од најголемите моменти во неговата кариера, а исто така и златото од Олимписките игри е единствен момент. Сепак следната голема цел мора да биде грен слем, дури потоа ќе биде блиску до остварување на својот сон, -вели Германецот кој се надева дека Зверев ќе ги надмине неговите рекорди.

-Во понеделникот ја погледнав листата на рекорди и Зверев веќе некаде ме престигна. Вистината е дека денес се заработуваат повеќе пари отколку пред 20 или 30 години, тоа мора да го имате на ум. Искрено, би сакал Зверев да станете најдобриот германски тенисер на сите времиња. Тоа би значело дека имаме причина за славење и нов тениски раст во Германија. Сите ќе победиме. Јас сум негов најголем фан и се надевам дека ќе успее, -заклучи големиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни