Поврзете се со нас

АТП

Бекер: Незамисливо е Ѓоковиќ да не игра на АО, ама правилата се јасни

Објавено

на

Еден од најголемите тенисери на сите времиња, Борис Бекер не може да замисли турнирот во Мелбурн да биде одржан без првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

Бекер кој е поранешен тренер на Ѓоковиќ многу добро го познава Србинот и неговата желба да игра во Австралија, но ако сака тоа да го направи и да го брка 21. грен слем трофеј во кариерата ќе мора да се вакцинира или да покаже дека веќе се вакцинирал против КОВИД-19.

-Не можам да замислам дека Новак нема да игра во Австралија. Тој толку многу го сака овој спорт, толку многу ја сака историјата на тенисот. Тој сака да го освои 21. грен слем. Имаше најмногу успех на Австралија опен, таму веќе триумфираше девет пати, зошто да не и десетти, -вели Борис кој сепак порачува дека Ноле ќе мора да ги почувува правилата.

-Вели дека е приватно, дека никого тоа не треба да го засега. Се согласувам со тоа. Но ако сака да учествува на турнири, тогаш мора да ги следи правилата кои се јасни. Тоа значи дека мора да се вакцинира. Тоа важи за Новак, но и за сите други спортисти, -порача германската легенда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни