Поврзете се со нас

АТП

Бекер: Надал е фаворит на Ролан Гарос, но Ѓоковиќ…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ игра во голем стил во оваа календарска година и засега најголемиот пехар е оној на Австралија Опен каде дојде до 22. грен слем во кариерата.

Со ова Србинот се израмни на Рафаел Надал на вечната листа и со тоа само ја вжести трката кога е во прашање новиот грен слем, односно кој ќе избие на врвот. Наредниот турнир од оваа категорија се игра во Париз, а според легендарниот Борис Бекер тука фаворит ќе биде бикот од Мајорка.

-Мислам дека Ѓоковиќ сака да ја освои 23 грен слем титула, што би било рекорд. Следниот грен слем е Ролан Гарос каде по мене фаворит се уште е Надал. Ѓоковиќ е во налет и ќе видиме што ќе ни приредат двајцата шампиони, -рече Бекер кој воедно посочи колку овие двајца заедно со Рожер Федерер имале/имаат влијание врз тенисот.

-Тие не се само спортски икони, тие се икони на културата. Ова ги надминува земјите од каде потекнуваат – Србија, Шпанија, Швајцарија. Влијанието што го имаат на тенисот е огромно. Се надевам дека Ѓоковиќ и Надал ќе играат уште една или две години и ќе имаме корист од тоа, -заклучи славниот ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни