Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона е на добар пат да го добие летното засилување

Објавено

на

Тимот на Барселона овој викенд ќе се соочи со Валјадолид во Примера, а за овој меч тренерот Чави Ернандес најверојатно ќе може да смета и на едно од најзначајните летни засилувања за клубот, Жил Кунде.

Французинот остана единствен како нерегистриран играч од засилувањата на каталонците, но според повеќе медиуми во Шпанија клубот е во постојан контакт со Ли Лига и се очекува денес или утре да се даде зелено светло и со тоа дефанзивецот да биде во комбинација, му биде на располагање на тренерот Ернандес.

Чави за играчот на кој не може да смета: Ми пречи, ние го донесовме…

Шпанскиот великан веќе го пушти Самуел Умити, се очекува со уште неколку операции да се отвори дополнителен простор, па освен што ќе се расчисти ситуацијата со Кунде се највауваат уште неколку трансфер зделки, засилувања на бековските позиции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни