Поврзете се со нас

Балкан

Барди конечно доби нов тренер, хрватски тренер ќе го води Трабзонспор

Објавено

на

Енис Барди и неговите соиграчи од Трабзонспор денеска официјално добија нов тренер и таа функција ќе ја извршува хрватски стручњак.

Актуелниот турски шампион влезе во негативна резултатска серија која значеше и разделба со тренерот Абдула Авчи, за неколку недели подоцна за негов наследник да биде промовиран Ненад Бјелица.

Бјелица покрај другите клубови, претходно го водеше и Динамо со кој освои четири трофеи и ги оствари најзабележителните резултати, додека последниот ангажман му беше во Осијек, екипа која ја напушти поради слабите резултати на почетокот на сезоната.

Трабзонспор во моментов е на шестото место на табелата во турското првенство и далеку од посакуваниот пласман кој би гарантирал место и во европските купови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни