Поврзете се со нас

Германија

Баерн победува без Левандовски и Милер, новата титула е на дофат (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Баерн Минхен се на чекор од освојување на уште една титула во Бундеслигата и тоа откако вечерва решеја во своја корист уште едно дерби против Борусија Менхенгладбах.

„Баварците“ иако играа без Левандовски и Милер поради жолти картони, но и без играчи како Тијаго, Кутињо, Зиле и Толисо успеаа да слават над Менхенгладбах со 2-1 што значи дека веќе наредната седмица на дуелот против Вердер Бремен можат да го кренат трофејот наменет за шампионот во Германија.

Клубот од Минхен ги постигна сите три погодоци на вечерашниот натпревар, прво младиот Зиркзе ја искористи катастрофалната грешка на голманот Зомер и стрелаше за 1-0. Потоа Павар во 37 минута ја затресе сопствената мрежа за 1-1, резултат кој беше активен се до самиот финиш кога Горецка во 86 се најде на вистино место и реализираше за три бода за фаворитот.



Баерн има 73 бодови, Дортмунд е втор со 66, додека пак трер е Лајпциг со 62 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни