Поврзете се со нас

Европски купови

Бабиќ за групата на Еурофарм Пелистер: Добивме противници со сличен квалитет

Објавено

на

Еурофарм Пелистер и годинава ќе игра во групната фаза на ракометната Лига Европа, а денежната ждрепка ги одреди и петте противници на македонскиот состав во ова натпреварување.

Битолчани ќе играат против Татабања, Ним, Спортинг, АЕК и Кадетен Шафхаузен, а во нокаут фазата ќе се пласираат првите четири екипи во групата.

Тренерот Жељко Бабиќ потенцира дека Еурофарм Пелистер добил група во која очекувано има сериозен квалитет.

– Сите знаеме дека Лига Европа е квалитетно натпреварување и се работи за клубови со сличен потенцијал.

– Групата е многу изедначена и сигурно ќе биде интересна, а ние ќе мораме да бидеме многу дисциплинирани и прецизни ако сакаме да одиме во следната фаза.

– Ги покувам и навивачите во што поголем број да присуствуваат на натпреварите, ние играме за нив, а можам да ветам дека ќе им возвратиме со квалитетни настапи и победи, – вели Бабиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни