Поврзете се со нас

Светски првенства

Аврамовиќ не можеше сам, Шредер донесе историска светска титула за Германија

Објавено

на

Германската кошаркарска репрезентација без загубен меч го завршува Мундобаскетот, а тоа значи дека оваа селекција за првпат во историјата стана светски шампион.

Србија влезе како благ фаворит во големото финале во Манила, но Германците со тимска игра од самиот старт најавија дека не планираат да се откажат од историското злато и на крајот тоа им успеа со триумф од 83:77.

Стартната петорка на „панцирите“ се запиша во листата на стрелците уште во воведните неколку минути, а на крајот тоа ја направи клучната разлика во израмнетото финале во кое Германците се потпреа на тимската игра, а Србите на индивидуалниот квалитет.

Капитенот Богдановиќ беше лидер во првиот дел кој заврши со резултат 47:47, додека Алекса Аврамовиќ постига 16 во последната четвртина, но тоа беше недоволно за пресврт и победа.

Германија најголем дел од зачата заврши во третата четвртина која ја доби со 22:10, по што Србите играа константно под притисок и на крајот попуштија во такви услови. Србија и вака успеа да дојде до минус два во последната минута, но тогаш на сцена стапи Шредер кој со четири поени во низа го реши прашањето околу победникот.

Токму Шредер беше најефикасен со 28 поени, Вагнер уфрли 19, додека на крајот најефикасен во Србија беше Алекса Аврамовиќ со 21 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни