Поврзете се со нас

Англија

„Атлетик“: Фамозната клаузула на Халанд крие еден клучен услов за активирање

Објавено

на

Пеп Гвардиола демантираше дека Ерлинг Халанд во својот договор има клаузула според која може да направи трансфер само во Реал Мадрид во 2024-та година, па иако негацијата дојде дирекетно од прес-конференција на шпанскиот стручњак, светските медиуми сепак тврдат дека навистина постои клаузула за ослободување во 2024-та година.

Халанд со сигурност ќе одигра најмалку две сезони во Манчестер Сити, по што угледниот „Атлетик“ потврдува дека ќе може слободно да се активира откупната клаузула, која во себе крие и еден клучен услов.

Во случајот, не станува збор за клаузула која е достапна само за Реал Мадрид, туку за сите најголемите клубови од стариот континент. Всушност, во договорот на Халанд е вклучена точка според која тој во 2024-та година нема да смее да направи директен трансфер во клуб од Премиер лигата, но ќе биде слободен да се пресели во великан од останатиот дел од Европа.

„Атлетик“ открива дека клаузулата изнесува измеѓу 180 и 200 милиони евра, а со оглед на финансиската моќ на останатите клубови во Европа, на готовс би биле Реал Мадрид, но и Барселона, ПСЖ или Баерн Минхен.

Со слична клаузула како оваа споменатата во Сити, Ерлинг изминатово лето си овозможи пристап за трансфер во Англија, бидејќи во договорот со Борусија стоеше дека може слободно да си оди за сума од 60 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни