Македонија
Атанасов и Стојановски едногласни: МЗТ Скопје има една и единствена цел

Тимот на МЗТ Скопје направи доста промени во играчкиот кадар во изминатиов период, поточно со сосема нов лик ќе ја дочека кампањата 2023/2024 во која клубот освен во домашните натпреварување ќе игра и во регионалната АБА2 лига.
Составот ќе го предводи младиот стратег Васко Атанасов, а капитен останува да биде Дамјан Стојановски. Двајцата се оптимисти и вееруваат дека „штрковите“ ќе имаат позитивна сезона во која ќе останат на врвот во македонската кошарка и покрај вложувањата кај останатите тимови.
-Сезоната ја почнавме со пехар во Суперкупот, што секогаш е добро за моралот. Го сочувавме костурот на тимот од минатата сезона, засилен со нови четворица странци и неколку квалитетни домашни играчи. Задоволен сум од начинот на кој ги одработивме подготовките и контролните натпревари, а го имаме составот кој го посакувавме. МЗТ Скопје како најголем клуб во Македонија има една и единствена цел – да ги освои сите трофеи во натпреварувањата во кои учествува. Не размислуваме за противниците, за тоа како и колку се засилиле, туку гледаме само во сопствениот двор и за тоа да одиграме најдобро на секој натпревар, -порача Атанасов
-Добро ги одработевме подготовките, работевме напорно, а одигравме и доволен број контролни средби на кои видовме до каде сме и на што треба во иднина да обрнеме повеќе внимание. Имаме добар тим, спој на младост и искуство, кој ќе има квалитет за да ја продолжи традицијата за освојување пехари. Во АБА2 ќе сториме се за да се претставиме во најдобро светло и ако ни се укаже можност да го нападнеме местото кое би не вратило во јадранската елита. Не гледаме во туѓите дворови, а не интересира само нашата игра. Ако дадеме се од себе, тогаш лесно ќе може да ги оствариме целите, -рече пак Стојановски.
Првата средба за МЗТ Скопје во новата сезона е на гостински терен против Кожув.
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 22 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 24 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Италијапред 19 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 21 час
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Шпанијапред 22 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек