Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Артета и Тухел ги отворија картите за второто европско дерби на „Емирејтс“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Главен фокус на светската спортка јавност ќе биде дуелот на „Бернабеу“ меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, но нималку поневпечатлив не е и вториот дуел во овој четвртфинален ден.

Арсенал и Баерн Минхен ќе ги одмерат силите вечерва во 21:00 часот на „Емирејтс“, а на еден час пред мечот го дознавме изборот кој го направија двајцата тренери.

Томас Тухел имаше многу повеќе проблеми со повредени играчи, а од сите пет кои се вратија на вчерашниот тренинг, во стартната постава се најдоа само Лерој Сане и Мануел Нојер.

Мазрауи, Павловиќ и Коман ќе чекаат шанса од клупата за резерви, а истото важи и за Томас Милер кој сигурно ќе биде „џокер“ во вториот дел.

Во стартниот тим се најдоа Нојер, Кимих, Де Лихт, Даер, Дејвис, Лајмер, Горецка, Сане, Мусиала, Гнабри и Кејн, додека Артета ја има цела артилерија на располагање и излегува со следниот тим:

Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Кивиор, Жоржињо, Рајс, Одегард, Сака, Мартинели и Хаверц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни