Поврзете се со нас

Светски првенства

Аргентинците не го пуштаат таличниот Агуеро, ќе му биде цимер на Меси

Објавено

на

Аргентинските фудбалски репрезентативци и селекторот Лионел Скалони инсистирале Серхио Агуеро да остане во базата на националниот тим, па тој ќе биде поддршка за „гаучосите“ и во финалето во недела.

Агуеро пристигна во Катар во нокаут фазата и се приклучи во националниот тим како поддршка за неговиот голем пријател Лео Меси и останатите репрезентативци, а камерите го регистрираа и при тензичните моменти по завршувањето на пресметката со Холандија.

Сега Аргентинците решиле да го задржат Агуеро до крајот на турнирот, а Меси го поканил да му биде цимер, нешто што порано било вообичаено кога Кун беше дел од националниот тим.

„Гаучосите“ очигледно сметаат дека Агуеро им носи среќа, а во меѓувреме федерацијата ги покани и Џовани Ло Селсо, Хоакин Кореја и Нико Гонзалес.

Финалето Аргентина-Франција се игра во недела од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни