Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анри за поразот на Ливерпул: Играта на Модриќ е јасен показател

Објавено

на

Ливерпул имаше убава предност, но на крајот доживеа тежок пораз од Реал Мадрид, а стручните коментатори велат дека и овој натпревар ги покажал слабостите на екипата.

Тјери Анри во својот коментар ја посочил играта на Лука Модриќ и начинот на кој ги поминувал противничките играчи за релевантен пример за проблемите на „црвените“.

– Кога ќе видите дека фудбалер како Лука Модриќ, на таа возраст онака владее со топката и рутински поминува низ средниот ред на Ливерпул кој како да не постои и го разигрува Винисиус, јасно е дека нешто не е во ред.

– Јасно е дека таа екипа не го дава својот максимум.

– Ливерпул во моментов едноставно не игра добро и мора да работи на тоа што побрзо да пронајде нов рецепт кој ќе функционира. Мора да ги подигнат главите и да ја доиграат сезоната најдобро што можат, – изјавил Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни