Поврзете се со нас

Франција

Анри со директен совет до Мбапе: Заврши го тоа што го започна!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе влегува во самата завршница на актуелниот договор со Пари Сен Жермен кој е со важност до 30 јуни 2024 година.

Напаѓачот пред неколку месеци јасно порача дека не сака да ја продолжи соработката и токму поради тоа се очекува да биде интересна наредната календарска година. Реал Мадрид веќе долго време го чека, а со оглед на тоа што јануарскиот преоден рок е последен во кој ПСЖ може да заработи за неговите услуги има вести дека „светците“ би можеле да прифатат некоја добра понуда.

Меѓутоа колку е ова реално е друга приказна, па и легендарниот Тјери Анри има јасен совет за сонародникот во однос на оваа тема, а тоа е да остане до крајот на сезоната.

-Ако сум Килијан Мбапе, нема да одам. Сакате да го завршите она што сте го започнале. Зошто би сакале да заминете? Сè уште треба да ја освоите лигата. Тој го сака ПСЖ, мора тоа да го разберете тоа. Го сака својот клуб, тоа е од таму … Сакам да остане до крај, -порача Тити во неговиот настап на „Си-Би-Ес“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни