Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти ја реши стоперската дилема, Гвардиола со две огромни изненадувања во стартниот тим (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

На еден час пред големото четвртфинале во Лигата на шампионите, Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ги отворија картите, со тоа што Шпанецот беше малку потаинствен и подолго чекаше за објавување на стартниот тим.

Реално гледано, Дон Карло имаше само една дилема и истата брзо ја разреши, па наместо да ризикува со недоволно залечениот Милитао, стопер и овојпат во првиот тим на Реал ќе биде Чуамени.

На клупата за резарви остана и Начо кој повторно остана во втор план на Французинот, додека друштво на Чуамени во одбраната му прават Ридигер, Менди и Карвахал.

На голот очекувано е Лунин кој веќе некое време добива предност пред Кепа, во средниот ред се Камавинга, Валверде и Крос, а нема изненадувања и во нападот кој го сочинуваат Винисиус, Родриго и Белингам.

За разлика од Анчелоти, Гвардиола направи две огромни изненадувања во стартната постава, бидејќи на клупата за резерви ги остави Кевин Де Брујне и Едерсон.

Иако бразилскиот голман се опорави и се стави на располагање, Пеп очигледно смета дека Ортега моментално е во подобар ритам, додека на местото на Де Брујне, во стартниот тим се најде Хрватот Ковачиќ.

Покрај Ортега и Ковачиќ, во почетните 11 на Сити се најдоа Аканџи, Диаш, Стоунс, Гвардиол, Родри, Грилиш, Фоден, Бернардо Силва и Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни