Шпанија
Анчелоти ја искоментира конечната одлука на Чави и откри дека Куртоа направил чудо изминативе две недели
Карло Анчелоти се соочи со шпанските новинари пред натпреварот со Реал Сосиедад кој се игра претстојниот викенд, дуел на кој Италијанецот потврди дека неизвесни за настап се Родриго и Белингам кои не се доволно подготвени во овој момент поради болест и стомачен вирус.
Тренерот на Реал посочи дека нивниот настап против Баерн не е доведен во прашање и најверојатно ќе добијат поштеда за да се одморат како што треба, но истовремено ја коментираше и најактуелната тема во Шпанија од вчерашниот ден.
Состанокот од Барселона донесе вест која никој не ја очекуваше, односно Чави Ернандес ја промени одлуката и реши да остане во клубот уште една сезона, нешто што е целосен контраст од тоа што го најави во јануари.
– Ќе бидам кратоко. Сметам дека Чави завррши одлична работа во Барселона и тој добро го познава клубот. Сметам дека донесе коректна одлука со останувањето во Барселона, – изјави Анчелоти.
На крајот од пресот тренерот на Реал испорчал и едно големо изненадување за сите новинари, откривајќи им дека Тибо Куртоа направил чудо изминативе две недели и успеал да ја санира повредата која требаше да го оддалечи до крајот на сезоната.
Тибо мораше да прави втора операција поради повреда на менискусот, но успеал да ја санира истата во рекордно време и може да добие шанса следното коло против Кадис.
– Куртоа забележа голем напредок и сега е добар. Сметам дека ќе биде подготвен за настап следната недела. Можно е да игра против Кадис, – завршил Карлето.
-
Светпред 23 часа
Роналдо постигна перфектен хет-трик, трет на последните шест меча! (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти објасни зошто играчите на Реал нема да ја слават титула со навивачите на „Сибелес“
-
Англијапред 5 часа
Разиграниот Челси потопи уште еден ривал од Лондон (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Винисиус го „поздрави“ Араухо и ја повтори неговата изјава од минатата година (Фото)
-
Италијапред 12 часа
Инѕаги ги потврди првите две летни засилувања за шампионот Интер
-
Шпанијапред 12 часа
Лапорта беснеел во ВИП ложата и извикувал исти зборови по харакири-сценариото на „Монтиливи“
-
Светпред 6 часа
Меч кој ќе се памети: Меси ја одигра најдобрата партија во кариерата (ВИДЕО)
-
НБАпред 13 часа
Неверојатниот Едвардс го засени Јокиќ, Минесота ја отвори со брејк полуфиналната серија (Видео)