Поврзете се со нас

Англија

Аморим: Последен пат зборувам за мојата иднина…

Објавено

на

Премиерлигашот Ливерпул е во потрага по нов тренер, наследник на Јирген Клоп кој ќе ја напушти сегашната функција по крајот на оваа сезона.

Прв пик на „црвените“ беше Чаби Алонсо, но откако таа опција отпадна премиерлигашот го насочи вниманието кон други имиња со тоа што во фокусот е предводникот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим.

Пред неколку дена се појави и информација дека Рубен веќе постигнал усмен договор за соработка со англискиот великан за да сега се огласи самиот Португалец за тоа која е вистината, реалната ситуација.

-Последен пат зборувам за мојата иднина. Немаѓе разговор, а уште помалку договор, единствено што сакаме сите овде е да бидеме шампиони со Спортинг и ништо нема да се промени. Јас сум тренер на Спортинг, немаше разговори или договор со ниту еден клуб, јас сум секогаш фокусирам да го бранам мојот клуб.

-И бидејќи навистина немам што да кажам: Нема да има интервјуа или договори со тренерот на Спортинг. Договорот е завршен, без разлика дали за овој или друг клуб, -порача Аморим кој е „врзан“ со сегашниот клуб до 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни