Поврзете се со нас

АТП

Алкарас триумфираше во Квинс за прва титула на трева и враќање на врвот на АТП ранкингот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/TheQueensClub

Карлос Алкарас обезбеди победа во два сета над Алекс Де Минор за победа на Квинс, што за него е прв трофеј на трева во кариерата.

Шпанскиот тенисер обезбеди по еден брејк во двата сета за победа со резултат 6:4/6:4, што за него е најдобра генералка во пресрет на Вимблдон.

Денешната победа има и дополнително значење за младиот тенисер, бидејќи со освоените поени на Квинс, се враќа на првото место на АТП ранкингот и ќе биде прв носител на Вимблдон.

На вториот најважен турнир кој се играше изминатава недела, Казахстанецот Александер Бублик победи против Андреј Рубљов во финалето на турнирот во Хале.

Мечот се играше во три сета, а за Бублик триумфот на АТП 500 турнир е и најголем успех во досегашната кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни