Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Гледам видеа од двајца тенисери за го подобрам движењето на трева

Објавено

на

Foto:twitter.com/QueensTennis

Карлос Алкарас со многу маки го мина првото коло на Квинс турнирот во Лондон и мораше да прави пресврт против Ридеркнеш, што е само потврда дека тревната подлога се уште е голема непозната за неискусниот 20-годишен тенисер.

Шпанецот во второто коло ќе се сретне со Лехецка и ќе го одигра само осмиот меч на трева во својата кариера, а тоа автоматски значи дека секое време минато на теренот е дополнителна подготовка за она што следи, односно неофицијалното светско првенство во тенис.

Алкарас се надева дека ќе има што е можна подобра подготовка за Вимблдон, турнир на кој не се гледа себеси како голем фаворит, но пред кој гледа и видеа од Рожер Федерер и Енди Мари за движењето на трева.

– Тревата не е лесна подлога за ниту еден тенисер. Потребни ми се часови и часови игра и тренинг на оваква подлога. Потребно е да играм што е можно подолго и добро е што имав тежок испит во воведот. Имам играно само два турнири на трева во кариерата, имам вкупно седум натпревари. Мора да играм повеќе, да почнам да ги читам ударите и да ги предвидувам потезите на противникот.

– Во последно време, ми се допаѓа да пуштам видеа од Федерер и Мари, тоа се двајца играчи кои најдобро се движат на трева. Нема да го споменам Ѓоковиќ бидејќи тој се лизга на тревата како да се работи за земја, јас сигурно нема да го правам тоа. Ќе се обидам да го имитирам движењето на Федерер и Мари, – открива Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни