Поврзете се со нас

Репрезентација

Алиоски: Голема почит за сите што се тука, сакаме победи на овие натпревари

Објавено

на

Македонската репрезентација се подготвува за престојните контролните натпревари против Финска и Азербејџан кои на 17. и 20. ноември ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски и на овој собир не може да смета на сите играчи, но сите оние кои се тука ќе имаат можност да се покажат, докажат и со позитивни резултати да ја кренат атмосферата пред она што престои наредната година, квалификациите за Европското првенство.

Еден од нашите најискусни играчи дефинитивно е Езѓан Алиоски кој верува дека репрезентацијата ќе се прикаже во најдобро светло и покрај уморот кај фудбалерите по напорниот распоред во изминатиов период.

-Не е лесно после сите мечеви кои ги имавме изминатиов период, уморни сме, но најважно од сè е да нема повреди. Овие пријателски натпревари се важни за нас, сакаме да ги добиеме. Пријателски или квалификациски, секогаш сакаме позитивен резултат. Ранкингот не еважен, зашто денеска нема фаворити, туку само треба да веруваме во себе и да го дадеме најдорото од себе.

-Голема почит за секој што дојде да игра, после овој распоред на мечеви, лесно можеш да се повредиш. Треба многу дисциплина, треба да се најде мотивација, затоа велам респект за секој што доаѓа да игра за репрезентацијата, зашто не е лесно да дојдеш после ваков распоред да играш пријателски мечеви. Но тоа е фудбалот, го сакаме ние и затоа сме тука, -истакна Алиоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни