Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алегри соопшти една добра вест и додаде: Имам три сигурни стартери за утре

Објавено

на

Масимилијано Алегри на денешниот прес откри дека важен играч се враќа во првиот тим, односно на утрешниот меч во Лигата на шампионите ќе може да смета на Матијс Де Лихт кој го пропушти дербито со Рома и двата репрезенативни меча на Холандија.

Тренерот на Јувентус смета дека самодовербата е голем плус во враќање во форма на неговиот тим, кој полека почна да личи на себе и да остварува резултати какви што се очекуваат.

– Де Лихт комплетно се опорави и утре ќе игра. Ако не беше така, Ругани ќе играше на негово место. Сепак, Де Лихт е комплетно заздравен од повредата и ќе ни помогне на теренот.

– Формацијата ми е позната, но засега имам само три сигурни стартери. Шчесни, Бонучи и Де Лихт, за останатите ќе видиме, ќе донесам одлука утре.

– Артур сигурно ќе добие минути, ќе продолжи да напредува, но не знам дали ќе биде стартер. Истото важи и за Мората. Тој целосно заздрави и може да стартува. Добро е што научивме да се браниме, седум меча немаме пораз и се подобривме. Сепак, имаме уште за подобрување. Добрите резултати ни ја креваат самодовербата и работиме со поголем мир, – порача Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни