Поврзете се со нас

Италија

Алегри со лоши вести за фановите по победата над Сампдорија

Објавено

на

Јувентус ги освои бодовите против Сампдорија, но италијанскиот тим заработи дополнителни проблеми со својот состав.

Пауло Дибала уште во 22. минута беше заменет откако самиот сигнализираше дека нешто не е е во ред, а солзите во неговите очи најавија дека се работи за сериозен проблем.

Во завршницата сличен потег направи и Алваро Мората, кој по еден неуспешен удар побара замена. Тренерот Макс Алегри по натпреварот потврди дека нема да смета на овие фудбалери на следните натпревари.

– Дибала и Мората сигурно нема да настапат на натпреварите против Челси и Торино.

– Она на што можеме да се надеваме е дека ќе бидат повторно со нас по следната репрезентативна пауза. Повредите се дел од фудбалот, мора да продолжиме напред, – изјавил Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни