Поврзете се со нас

Лига Европа

Адеми спортски ја прифати елиминацијата и постапи како вистински капитен по поразот од Вилјареал

Објавено

на

Динамо ја заврши својата европска бајка во четвртфиналето во Лигата на Европа, откако шпански Вилјареал се покажа како преголем залак за храватскиот првак кој ги освои срцата на фудбалските фанови во регионот со своите настапи во навистина силно друштво.

Тимот од загреб го елиминираше силниот Тотенхем во осминафиналето и го шокираше Жозе Мурињо, но Аријан Адеми, Стефан Ристовски и останатите соиграчи потклекнаа во двомечот со Вилјареал, иако оставија навистина добра слика и пружија силен отпор во двата натпревари.

Динамо имаше свои шанси и изминатава вечер во Шпанија, но поразот од 2:1 се надоврза на оној од 0:1 на домашен терен и со вкупни 3:1, составот на Унаи Емери закажа полуфинална пресметка со Арсенал, клубот во кој претходно работеше како тренер.

– Пред се, сакам да му честитам на Вилјареал. беа подобри од нас и овојпат и заслужено победија. Имавме добри прилики, создадовме наши шанси, но едноставно беа подобри од нас. Тие ја искористија нашата збунетост и лошото преземање на играчи. Тимови како Вилјареал, не простуваат такво нешто на вакво ниво.

– Како и да е, направивме голема работа за хрватскиот фудбал, сакам да им честитам на сите соиграчи. Сега наша цел е да ја освоиме титулата во домашното првенство и онаа во Купот. Мора да се насочиме кон тоа до крајот на сезоната, – изјави капитенот на Динамо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни