Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Адеми го предупредува Динамо: Шкупи е одличен, многу жив и брз противник

Објавено

на

Екипата на Шкупи се подготвува за двомечот против Динамо Загреб во квалификациите за групната фаза во Лигата на шампионите, дуел во кој хрватскиот претставник го има статусот на апсолутен фаворит.

Сепак таа улога тимот од „Максимир“ треба да ја потврди во Загреб и Скопје и тоа на 19 и 26 јули. Првата средба се игра утре од 21 часот во Хрватска, а во пресрет на истата домашниот капитен и воедно наш репрезентативец, Аријан Адеми ги предупреди своите колеги да не се опуштаат и да внимаваат на составот предводен од Гоце Седлоски.

-Се работи за одличен тим, многу жив и брз. Не ги знаеме сите, бидејќи се сменија доста играчи, ама нивниот голман е мој колега во македонската репрезентација, -истакна Адеми.

Во случај да Шкупи ја мине оваа пречка тогаш во наредната фаза ќе игра со подобриот од Лудогорец-Шамрок Роверс, во случај да загуби интересно ќе продолжи во Лига Европа и ќе игра со поразениот од бугарско-ирската пресметка (Лудогорец-Шамрок Роверс).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни