Поврзете се со нас

Балкан

Адеми доживеал невкусна фудбалска епизода по крајот на големото хрватско дерби и бил гаѓан со столче од трибините

Објавено

на

По големиот резултат против Бетис и пласманот во осминафиналето на Конференциската лига, Динамо се врати на прав пат и во домашното првенство, славејќи дерби победа над Ријека на домашниот „Максимир“.

Актуелниот првак целосно се врати во битката за титулата благодарение на голот од пенал во судиското продолжение, но за жал ова големо дерби повторно донело сцени кои докажуваат дека навивачката култура се уште е на ниско ниво во Хрватска.

Како што јавуваат хрватските медиуми, Аријан Адеми добил ужасни навреди на национална основа од „Армада“ откако ги завршил обврските во микс-зоната, а навивачите на Ријека тоа го направиле додека бил во друштво на својот син и својата сопруга.

Според информациите, Адеми не останал рамнодушен на навредите и возвратил со реакции и гестикулации, по што дел од навивачите фрлиле и столче кон Аријан и за малку не го погодиле.

На оваа сцена сведочеле голем дел познати новинари од Хрватска, а токму тие ја пласираа оваа немила сцена во јавноста по крајот на големото дерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни