Поврзете се со нас

АБА лига

Звезда дојде до првата победа, тренерот Ивановиќ порача: Сега следи најтешкиот меч во серијата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkcrvenazvezda

Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Партизан (91:78) и со тоа останаа во игра за титулата во АБА лигата.

Звезда го надигра Партизан и се врати во игра за титулата во АБА лигата

Звезда ги загуби првите две средби против лутиот ривал, па едноставно мораше да го совлада во третиот меч во серијата затоа што секој друг резултат ќе значеше крај на сезоната и пехар за Партизан во регионалното натпреварување.

Тренерот Душко Ивановски беше задоволен од изданието на неговите момци, но воедно испрати предупредување до нив дека сега следи најтешкиот натпревар.

-Го искористивме првиот натпревар на домашен терен. Нашиот пристап беше поразличен, имавме агресивност и одбрана која не красеше низ целата сезона. Од натпревар во натпревар играме малку подобро. Знаеме дека четвртиот натпревар ќе биде најтежок во серијата, -порача искусниот стручњак.

Новата битка меѓу „црвено-белите“ и „црно-белите“ е закажана за утре од 19 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни