Поврзете се со нас

АБА лига

Звезда го надигра Партизан и се врати во игра за титулата во АБА лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League

Екипата на Црвена Звезда ја забележа првата победа над Партизан (91-78) во финалната серија во АБА регионалната лига.

„Црвено-белите“ не смееја да погрешат на вечерашниот меч, односно секој друг резултат освен овој ќе значеше крај на сезоната и предавање на трофејот на лутиот ривал. Многу борба, тензија, нервоза донесе вечерашната битка во која видовме изедначено прво полувреме (38-41) и многу подобри втори 20 минути на домаќинот (53-37), минути пресудни за тоа да дојдат до триумф вреден продолжување на серијата.

Недововиќ беше прв стрелец со 19 поени, Митровиќ и Петрушев уфрлија по 16, а Вилдоза беше автор на 14 кошеви.

Егзум и Мадар за поразените искомбинираа 31 поени.

Наредната средба е за два дена на истиот терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни