Поврзете се со нас

Италија

Жиру си заминува од Милан по крајот на сезоната, позната е неговата следна дестинација

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Искусниот напаѓач, Оливие Жиру ќе го напушти калчолигашот Милан по крајот на оваа сезона, тим за кој настапува од 2021 година.

Ветеранот се одлучи да отвори ново поглавје во кариерата, одби понуди од Европа и Саудиска Арабија за да се пресели во Соединетите Американски Држави каде ќе биде дел од Лос Анџелес. Тоа е клуб во кој од неодамна игра неговиот сонародник и добар пријател Иго Лорис.

Договорот е до декември 2025 година, напаѓачот ќе заработи годишно околу 3 милиони евра.

Оливие во актуелнава сезона за Милан има постигнато 13 гола и забележано 8 асистенции во Серија А. Тој досега освен во Италија има настапувано во татковинава, но и во Англија каде долго време беше дел од Арсенал и Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни