Поврзете се со нас

Македонија

ЖФК Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија

Објавено

на

ЖФК Љуботен денеска на стадионот во Ѓорче Петров во финалниот меч од Купот на Македонија во женска конкуренција  успеа да слави убедлива победа против ЖФК Каменица Саса со 4:0, освојувајќи го престижниот трофеј.

Во финалната пресметка, фудбалерките на ЖФК Љуботен одиграа одличен натпревар, го надиграа својот противник и сосема заслужено се радуваа на освоениот трофеј.

Делгадо во 18. минута го отвори резултатот. Две минути подоцна, Гоја постигнува нов погодок за предност од два гола на ЖФК Љуботен.

Во продолжението од мечот, тимот на Љуботен постигна уште два погодоци, преку Силва во 51. минута и Петкова во 82. минута.

ЖФК Љуботен првпат во својата историја го подигнаа пехарот од Купот на Македонија.

ЖФК Љуботен: Магдалена Лекоска, Ива Јовановска, Мајса Бенедито, Павлинка Николовска, Присцила Силва, Александра Марковска, Анѓела Милановиќ, Елена Петровска, Бојана Петкова, Христина Јошевска, Харуми Гоја;

Тренер: Ивица Радониќ;

ЖФК Каменица Саса: Јелена Гвоздерец, Јоелма Габриел, Елма Шемсофиќ, Ана Димитровска, Вероника Николовска, Дајана Ристовска, Драгана Костова, Ана Ристовска, Алис Уолкер, Кеона Ангелика, Ленче Андреевска;

Тренер: Зоран Златковски;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни