Поврзете се со нас

Италија

Жанг попушти, Инѕаги ќе го добие засилувањето што го посакуваше

Објавено

на

Италијанскиот вицешампион Интер е на добар пат да додаде нов член во тимот до крајот на овој преоден рок.

Веќе некое време тренерот Симоне Инѕаги порачуваше дека му е потребен уште еден дефанзивец, замена за Андреа Ранокија, но клубот имаше проблеми да му ја исполни таа желба или поточно претседателот Стивен Жанг и застана на патот на оперативците кои договорија трансфер.

Имено Интер и Лацио се разбраа за ангажман на Франческо Ачерби, поточно за позајмица со право на откуп по што реагираше Жанг и одлучи да го блокира истиот со објаснување дека не сака сметката на клубот дополнително да биде оптоварена.

Сега според информациите проблемот е надминат, создаден е простор со Лусиен Агуеме во Франција по што Жанг дал зелено светло за зделката за дефанзивецот Ачерби.

Тој ќе ги мине медивинските тестови и потоа ќе стави потпис на договорот со „нероаѕурите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни