Репрезентација
Во тесен меч со Велика Британија, Македонија го претрпе и третиот пораз на ЕП во Измир

Македонските јуниори претрпеа два високи порази од Израел и Франција на Европското првенство во Измир, а денеска мораа да се помират и со третиот неуспех.
Избраниците на Тони Симиќ денеска загубија на меч кој лесно можеа да го добијат, бидејќи во самата завршница имаа и предност од четири поени, што сепак не успеаја да го материјализираат.
Велика Британија направи серија од 8:0 и поведе на семафорот, па овој црн период за нашите јуниори се покажа како клучен за тесниот пораз изразен со два поени разлика, 71:69.
Теодор Симиќ со 19 поени и 12 скока беше најдобар поединец во нашиот табор, следен од Тома Стојановски со 14 поени и 11 скокови. Двоцифрен беше и Андреј Шошкиќ со 14 поени.
На Европското првенство во Турција сега следи ден одмор за сите репрезентации, по што ќе започне разигрувањето, во кое Македонија ќе се обиде да го избегне дното.
-
Формула 1пред 11 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 11 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 10 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 14 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 12 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Италијапред 23 часа
Јувентус притиска за ангажман на Паредес
-
Англијапред 5 часа
„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил
-
Светпред 22 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!